Бремените жени се враќаат на работа

t

Земјава за првпат по подолго време бележи пад на бројките со Ковид и Комисијата за заразни болести веќе отстрани дел од ограничувања.

На денешниот состанок, членовите кренале раце „ЗА“ за две нови препораки до Главниот координативен кризен штаб.

Едната одлука е за укинување на задолжителното поседување ПЦР тестови или потврда за вакцина и прележаност за излез од нашите граници.

Сепак, граѓаните коишто патуваат треба да ги имаат овие документи во себе, со оглед на различните правила во различни земји. Другата крупна препорака е бремените жени да се вратат на работа.

– „ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ДОСЕГА ВАЖЕШЕ МЕРКАТА ДЕКА МОЖЕ ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА. ПРЕПОРАКИТЕ ВО СВЕТОТ СЕ ДЕКА ТИЕ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И ДЕКА ВАКЦИНАЦИЈАТА Е БЕЗБЕДНА ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ. ТОА Е И ПРЕПОРАЧЛИВО, НЕ САМО ШТО Е БЕЗБЕДНО. ВАКЦИНАЦИЈАТА НЕ Е ПОВРЗАНА САМО СО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ТУКУ И ГЕНЕРАЛНО СО ДВИЖЕЊЕТО НИЗ ПОПУЛАЦИЈАТА“ ИЗЈАВИ Д-Р. ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ, ПОРТПАРОЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ.

Овие две нови мерки доаѓаат еден ден по извештајот на Институтот за јавно здравје во кој се нотира намалување од речиси триесет отсто во бројот на новозаразени во споредба со претходната недела. За 28 проценти опаднал бројот и на смртни случаи и во тие седум дена, но битката со вирусот ја загубиле 106 луѓе.

„ВО ОДНОС НА ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА, СЕ ЗАБЕЛЕЖИ НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ КАЈ СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ, СО НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ ОД 31,5% ВО ВОЗРАСНАТА ГРУПА ОД 20-29 ГОДИНИ И 31% КАЈ ЛИЦАТА НА ВОЗРАСТ ОД 50-59 ГОДИНИ.“

Во меѓувреме, здравствените власти информираат и за скринингот на учениците во Скопје. Прибрани се пет илјади потпишани согласности од родители, што е многу повеќе од барем 1800 ученици тестирани, што за лекарите е репрезентативен примерок за да се провери како се шири вирусот во училиштата. Досега се тестирани 800 деца, а 8 биле позитивни на тестот. Скринингот се очекува да заврши до крајот на месецов.
– Пишува Петар Догов за Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…