Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија
Европската Унија подготвува нов, голем список на санкции против Русија, во кој би можело да се вклучат околу 1.600 физички и правни лица, објави Политико, повикувајќи се на европски дипломатски извори.
Според медиумот, новиот список вклучува по околу 800 физички и правни лица. Пакетот би можел да биде еден од најголемите потези на санкции од Брисел од почетокот на конфликтот во Украина.
Според информациите објавени од Политико, новиот список треба да биде финализиран пред октомврискиот собир на лидерите на ЕУ, кога се очекува и неговото усвојување.
Британски медиуми претходно јавија дека се очекува Европската служба за надворешни работи да го претстави новиот список на земјите-членки на почетокот на септември, со цел усвојување на санкциите во октомври. Мерките наводно би вклучувале забрани за патување и трансакции како и замрзнување на средствата за санкционираните поединци и компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија
Европската Унија подготвува нов, голем список на…
Украина бара предвремено користење на заемот од…
Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денеска…
Русија најавува масовни напади врз енергетската инфраструктура…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека подготвува…
Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…
Месечните загуби на Русија во Украина го…
На Исланд референдум за продолжување на преговорите…
Исланѓаните денеска на референдум треба да се…