Британската влада прави вонредни планови за функционирањето на болниците и училиштата поради омикрон
Владата на Велика Британија прави планови за вонредна состојба во случај болниците, училиштата и другите институции да бидат погодени од сериозен недостиг на персонал во услови на рекорден раст на новозаболени со коронавирус во земјата.
Јавниот сектор се подготвува за отсуство на персонал во опсег од 10 до 25 проценти, бидејќи се повеќе луѓе се разболуваат од Ковид-19 или се принудени да одат во изолација, објави британската влада.
Високо преносливата варијанта на омикрон предизвика секојдневно зголемување на бројот на случаи во Британија за време на Божиќ и Нова Година, со нов дневен максимум од 189.000 регистрирани на 31 декември.
Приближно еден од 25 луѓе во Англија, или околу два милиони луѓе, имаа ковид-19 во текот на неделата пред Божиќ, соопшти Канцеларијата за национална статистика.
Само во Лондон, според истиот извор, бројот беше еден заболен од 15 жители на британската престолнина.
Владиниот министер Стивен Баркли изјави дека веќе има значителни отсуства и дека Владата се подготвува за сите можни сценарија .
Властите во Шкотска, Велс и Северна Ирска воведоа ограничувања за масовни собири поради омикрон.
Министерот за здравство Саџид Џавид, сепак, рече дека новите ограничувања се последното средство за Англија, и покрај растечката стапка на новозаболени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…
Израел е способен да постигне каква било…
Генералниот секретар на ОН предупредува: Светот се…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…