Британскиот премиер Џонсон загуби клучно упориште во Лондон на локалните избори

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон на локалните избори во Англија го загуби традиционалното упориште Вандсворт во Лондон, првпат по 44 години.
Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Локалниот лидер на конзервативците Рави Говиндиа рече дека гласачите ја казниле партијата поради кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.
Изборите се првиот тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Тој плати парична казна минатиот месец за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година поради непочитување на мерките за одржување на растојание воведени за да се спречи ширењето на ковид.
„Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците“, рече Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот во Стратклајд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…