Објавено на:

Британски авиони ќе ја надлетуваат Газа во потрага по заложници

t

Велика Британија соопшти дека ќе почне со надзорни летови над Израел и Појасот Газа во потрага по заложници кои ги држи Хамас.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека авионите за надзор „ќе бидат невооружени, нема да имаат борбена улога и ќе имаат единствена задача да ги лоцираат заложниците“, пренесува Скај Њуз.

„Само информациите поврзани со спасување на заложниците ќе бидат проследени до властите одговорни за спасување на заложниците, се вели во соопштението на министерството и се додава дека летовите ќе се вршат над источниот Медитеран“, вклучително и оние во воздушниот простор над Израел и Газа.

Министерството за одбрана соопшти дека владата на Велика Британија „работи со партнери од целиот регион за ослободување на заложниците, вклучително и британски државјани, кои беа киднапирани“ во нападот на Хамас на 7 октомври.

„Безбедноста на британските граѓани е наш највисок приоритет“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

Британската војска распореди свои сили во источниот Медитеран една недела по нападот на 7 октомври, кога авиони на РАФ и бродови на Кралската морнарица беа испратени во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху објави листа: За ова не може…

Додека израелскиот тим се подготвува да отпатува…

Израелските тенкови влегоа во Газа!

Израелските сили рано утрото го нападнаа градот…

Папата Франциск ги повика Израел и Хамас…

Папата Франциск денеска повика на итна испорака…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Бугарија го повика Хамас да го прифати…

Бугарија и неколку други земји го повикаа…