Бронзен медал за Миљана Рељиќ на СП за жени во таеквондо

t

Нашата најдобра спортистка за 2024 таеквондистката Милијана Рељиќ на Отвореното Светско првенство за Жени Г-4 во Таијуан, Кина освои БРОНЗЕН МЕДАЛ.

Во категоријата -62кг каде имаше 43 натпреварувачки Милијана во првото коло издвојува победа над домаќинката Јијао Санг од Кина со 2:0 во рунди, во следното коло беше поуспешна од Узбекистанката Мохидил Уктамјонова со тесен резултат од 2:1 во рунди.

Во борбата за медал Мила беше поуспешна од претставничката од Тајпеј Чиа Веи Ванг исто така во нерешена борба со 2:1 во рунди.

Така таа стигна во полуфиналето каде се сретна со Руската претстсавничка Софија Мотлок.

Во тесна борба и буквално десетинки не делеа да стигнеме до финалето, сепак русинката беше поуспешна со 1:2 во рунди. Ова е извонреден резултат и дополнителни 14,4 поени што ќе ја вивнат Мила во први 16 на Олимписката ранкинг листа и на одличен пат за норма за Лос Анцелес 2028.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бронзен медал за Миљана Рељиќ на СП…

Нашата најдобра спортистка за 2024 таеквондистката Милијана…

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои златен…

Пет медали за македонските таеквондисти на меѓународниот…

Значителен успех остварија младинците на македонското олимписко…

Бронзен медал за таеквондистот Владимир Димитриевиќ на…

Овој викенд Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ),…

Македонскиот карате-тим се враќа со бронза од…

Сениорскиот карате-тим на Македонија се закити со…