БРУКА ОД СООПШТЕНИЕ: Алтернатива, наместо да бара кривична одговорност за Касами го нападна Груби затоа што не е сепаратист! ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНЦИТЕ БИЛО ФУНДАМЕНТ НА ЕУ!

t

И ова го дочекавме… Алтернатива во траги-комично соопштение, наместо да ги осуди сепаратистичките потези со истакнување на знамиња на непостоечка држава наречена “голема Албанија”, го критикуваат вице-премиерот Груби за неговата реакција дека таквата иконографија е непотребна и е дефокус од важни прашања во државата.

-Ја поздравуваме реакцијата на Груби. Нема поголема услуга од овој доказ и потврда дека ДУИ се невидени лицемери и подобни Албанци за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од Алтернатива на изјавата на вицепремиерот.

„Критиките за наводниот наратив за “Голема Албанија” е одраз на стравот на ДУИ од изборен пораз, кој неминовно следи. Обединувањето на Албанците во културолошка и духовна, а не во територијална димензија, е сржта и фундаментот на самата ЕУ. Никој да нема дилема дека обединетата албанска опозиција е директен чинител за остварување полноправното членство во ЕУ. За разлика од некој други ние никогаш нема да ги злоупотребуваме ЕУ и стрстешкото сојузништво со САД за коруптивни зделки и лична корист“, се додава во реакцијата.

Вице-премиерот Груби претходно истакна дека ваквите знамиња се непотребни и дека тоа е смислен дефокус од важните случувања во државата, како посетата на Ескобар и уставните измени.

Тетовскиот градоначланик Касами веќе подолг период предизвикува низа скандали во јавноста, најпрво со пречекот на Албин Курти без ниту еден македонски државен симбол, со албански знамиња, знамиња на голема Албанија и песната “Добредојдовте во Албанија”. Осуда и барање за одговорност за непочитување на македонските закони стигна од речиси сите политички партии, премиерот, Владата, Претседателот Пендаровски, осуда за таквите посташки немаше само од коалиционите партнери на Касами, ДПМНЕ и Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија бара алтернатива за Visa и…

Британската влада го повика банкарскиот сектор да…

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

БРУКА ОД СООПШТЕНИЕ: Алтернатива, наместо да бара…

И ова го дочекавме... Алтернатива во траги-комично…

Ова е “независна држава”: Алтернатива бара судството…

Од политичката партија Алтернатива денеска побараа судството…