Бугарите сакаат да ни ја земат и Охридската Архиепископија

t

Копретседавачот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров во ТВ интервју денеска зборуваше за разговорите околу Цар Самоил и придвижувањата во споредба со претходните години од разговорите, но вели – ентузијазмот спласнал кога на маса било ставено прашањето за Охридската Архиепископија.

– Голем напредок нема. За жал треба да кажам дека голем напредок нема. Направивме еден чекор напред, не голем, но оптимистичен чекор, но во споредба со она што беше направено во претходните 2-3 години. Но на вториот ден, кога требаше да разговараме за суштествена тема, важното прашање за Охридската Архиепископија се вративме повторно на една од не најдобрите практики во нашата работа, на утврдување на позициите на нашите колеги. – Ангел Димитров – Копретседавач на мешовита историска комисија од бугарска страна.


Предизвик, вели Наум Кајчев, заменик претседателот од бугарската страна, ќе биде да се постигне договор околу ликот и делото на Гоце Делчев. Но запрашан околу тоа дали има организирана група која работи против интересите на двете држави, тој не ја исклучува можноста.

– Се надеваме исто така дека ќе биде постигнато решение за Гоце Делчев, зошто според мене тоа би бил клучот за напредокот за нашето разбирање како соседни и блиски општества. Сигурен сум дека за Русија би било од корист да има една Македонија која е блиска со Србија, а оттаму и еден режим кој би бил близок со Унгарија. Такви страни би предизвикале непријатности внатре во ЕУ. – Наум Кајчев – заменик претседател на бугарскиот дел од комисијата.

Претходно и шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Петков, рече дека добиле информации од македонските власти дека и во Македонија исто така има руски интереси кои се против добрососедството меѓу Скопје и Софија.

-Има руски интерес Бугарија и Македонија да не можат да имаат добрососедство. Со тоа Западен Балкан да не е во стабилна зона во која ќе има слободно движење на луѓе и капитал и разбирање меѓу народите. – Лена Бориславова – Шеф на кабинет на Кирил Петков.

Во петокот по завршувањето на средбата, копретседавачот од македонска страна Драги Ѓорѓиев рече дека средновековниот период се уште останува тема на разговор, а во кусото соопштение од МНР оценија дека средбата поминала во позитивна атмосфера и размена на ставови.

– Средбата помина во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век.-Заедничка комисија за историски и образовни прашања.

Следна средба помеѓу историчарите е закажана за 12 и 13 мај во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос на улиците во Виена откако…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани

На 56- годишна возраст почина поранешниот албански…

Кина подготвува “руско сценарио” : Се спремаат…

"Руско сценарио“: Кина се подготвува за најлошото.…

РПЦ: Му благодариме на Бога што ја…

Светиот синод на Руската православна црква го…

Најавите за поскапување на струјата веќе втор…

Кои и колку општини формирале јавни претпријатија…