Бугарија бара и промена наставните програми – Што ќе учат нашите деца?

t

Бугарската страна се држи до целосна примена на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, како и почитувањето на правата на Бугарите во Македонија.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за БНР, во пресрет на редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, што ќе се одржи денеска во Софија, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања.

Според Генчовска, Бугарија ќе продолжи да го поддржува, како што тврди, „легитимното барање Бугарите во Македонија да бидат вклучени еднакво со сите останати народи, во нејзиниот Устав”, јави дописникот на МИА од Софија.

Еден од главните приоритети, вели таа, е да биде постигнат напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, за изготвување календар за заедничко чествување на личностите од, како што тврди, „заедничката историја, за кои веќе е постигната согласност”.

– Ќе бараме и да започне процес за осовременување на наставните програми во Република Македонија, рече шефицата на бугарската дипломатија за бугарското радио БНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…