Бугарија била „натиcнaтa“ од Америка и ЕУ: Најстариот антимакедонски весник во Бугарија најавува промена на бугарските ставови
Еден од најстарите антимакедонски весници, кој има и свој портал рано утринава објави , со тешко срце , текст со наслов дека Бугарија е „натисната“ од ЕУ и САД дека изгледа официјална Софија ќе мора да ја отвори вратата на ЕУ за Скопје…
Во текстот кој е екстензивен, и потпишан од целата редакција на весникот Труд, се вели:
„Дискретно, без непотребна врева и огномет, владата има намера под надворешен притисок да го промени ставот на нашата земја за идното членство на Македонија во ЕУ. Вакви барања со месеци ги даваа и претседателството и партијата „Продолжуваме со промената“. Мотивот беше дека во 21 век, демократска и европска Бугарија не може да ја попречи соседната земја, која, меѓу другото, е веќе членка на НАТО. Критичарите слушнаа пораки и од Брисел, каде Зоран Заев најде лоби во форма на германски дипломати, како и претставници на Австрија, Чешка и Словенија. Дури се шпекулираше дека на Бугарија не се гледа позитивно затоа што го блокира европскиот пат на Скопје. Коментарите од зад сцената го поврзуваа проблемот со усвојувањето на бугарскиот план за закрепнување ( финансиско во висина од 6,5 милијарди евра кои Бугарија не ги доби н.з.) и многуте забелешки за планот и почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.“
Во продолжение текстот со изјава на некогашниот министер за одбрана Каракачанов, кој е во оставка веќе 2 месеци и никако да си замине од челното место на бугарското ВМРО, но и на еден политиколог, г-дин Николај Василев, автор на книгата „Македонски идентитет“, кој вели :„Има знаци дека ја отвораме вратата за влез на Скопје во ЕУ, но тоа ќе биде на најлош можен начин за нас. Уште кога го наметнавме ветото и таканаречената Рамковна конвенција, реков дека не можеме да излеземе од оваа ситуација без штета и никој нема да не поддржи. И сега, ако се препуштиме на надворешните притисоци со некои нејасни тези, ќе биде уште полошо отколку што беше.“
Инаку минатито викенд на Бугарската Национална ТВ гостуваше елегантниот Каракачанов, кому му беше поставено прашањето – што мисли за распоредување на трупи на НАТО во Бугарија и на Црно Море? Екс министерот за одбрана, тврдеше дека такво нешто не може да се случи, затоа што тој би бил прв информиран ( ?! ), а еве денес е веќе втор ден како се одвиваат протести во Бугарија токму поради инсталацијата на НАТО трупи во нивната земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…
Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…
Македонија доби 149 милиони евра грант за…
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски…