Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори на кои главни теми се безбедноста, војната во Украина и односите со Русија.
Изборната кампања се одвива во услови на зголемени тензии во Црното Море.
Според анкетите, фаворит на изборите е актуелната претседателка Илијана Јотова, блиска соработничка на Румен Радев.
Таа ја презеде претседателската функција во јануари, откако Радев поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, по кои станал премиер.
Јотова, поранешна новинарка и европратеничка од редовите на социјалистите, според анкетата на институтот „Маркет линкс“ објавена во средата, има поддршка од 47,3 проценти од испитаниците.
Нејзиниот главен противкандидат, Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната опозиција, има 30,6 проценти
На изборите учествуваат 27 кандидати, а се очекува излезноста да биде под 40 проценти.
Доколку Јотова победи во вториот круг, закажан за 1 ноември, ќе стане првата жена избрана за претседател на Бугарија.
Јотова ја гради кампањата врз повиците за национално единство, борба против сиромаштијата и завршување на војната во Украина, претставувајќи се како кандидатка за мир.
Иако не го доведува во прашање членството на Бугарија во Европската Унија и НАТО, таа се противи на продолжувањето на воената помош за Киев и бара преговори меѓу Украина и Русија.
-Не ни треба Коалиција на подготвените за Украина, туку Коалиција за мир во Украина – изјави Јотова на предизборен собир, критикувајќи ја иницијативата на европските држави што ја поддржуваат Украина.
Нејзиниот противкандидат Ѓуров, поранешен вицегувернер на Бугарската народна банка и поранешен вршител на должноста премиер, застапува цврста евроатлантска ориентација.
Тој ја критикува надворешната политика на Радев, нагласувајќи дека дипломатијата е неопходна, но не може да ги замени одбранбените капацитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…