Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција за поддршка на НАТО-мисијата за противвоздушна одбрана

t

Владата на Румен Радев одобри испраќање до 15 бугарски војници во Турција, кои ќе помагаат во рамките на мисијата на НАТО за поддршка на противвоздушната одбрана на земјата. Ова произлегува од одлуките донесени на редовната седница на бугарскиот Министерски совет во средата.

„Владата го одобри учеството на до 15 (петнаесет) војници од составот на Мобилниот модул за комуникациски и информациски системи на НАТО во Мисијата на Алијансата за поддршка на Турција. Бугарските војници ќе заземаат позиции за обезбедување заштитени комуникации во рамките на мисијата на територијата на соседната земја“, соопшти бугарската влада.

Мисијата на НАТО за поддршка на Република Турција (NATO Support to Türkiye – NS2TUR) започна во 2013 година, како одговор на официјалното барање на турската влада за зајакнување на капацитетите на земјата за противвоздушна одбрана.

Учеството на бугарските војници од составот на мобилниот модул во мисијата на НАТО е во согласност со преземените обврски на Бугарија кон Алијансата за придонес во колективната безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…

Владата на Румен Радев одобри испраќање до…

Речиси 40 килограми кокаин откриени во камион…

Речиси 40 килограми кокаин откриле царински службеници…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…

Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…

Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…

Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…