Бугарија оди во втор круг: Јотова и Ѓуров со најмногу гласови според првичните процени, се чекаат официјални резултати

t

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг од претседателските избори во Бугарија. Првичните процени покажуваат и послаб резултат од очекуваниот за фаворитката Илијана Јотова, додека претседателската кандидатска двојка Андреј Ѓуров – Кандев бележи значителен успех. Ова се првичните заклучоци по затворањето на избирачките места, објави бугарската агенција БГНЕС.

На вториот круг одат Илијана Јотова и Андреј Ѓуров.

Според процените на агенцијата „Алфа рисрч“, Јотова освоила 35,3 отсто од гласовите, додека Ѓуров добил 32,4 отсто. Следува Костадин Костадинов со 12,6 отсто, Радостин Василев со 4,1 отсто, Ивелин Михајлов со 3,5 отсто и Иван Христaнов со 2,2 отсто.

Според „Маркет линкс“, Јотова има 32,2 отсто, а Ѓуров 31,6 отсто. Костадинов добил 13,5 отсто, Василев 4,4 отсто, Михајлов 3,5 отсто, а Христaнов 2,5 отсто.

Процените на „Галъп“ ѝ даваат на Јотова 36,6 отсто од гласовите, наспроти 31,8 отсто за Ѓуров. Костадинов е на третото место со 15,7 отсто, пред Василев со 3,1 отсто, Михајлов со 2,7 отсто и Христaнов со 2,6 отсто.

Според „Мјара“, Јотова добила 35,2 отсто, а Ѓуров 32,2 отсто. Костадинов освоил 13,4 отсто, Василев 3,9 отсто, Михајлов 3,2 отсто, а Христaнов 1,6 отсто.

Резултатите се првични процени на агенциите и не претставуваат конечни официјални резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…

Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…

Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…

Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…

Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…

Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…

Само 265 лица од Македонија со бугарски…

Многу слаб интерес владее во Македонија за…