Објавено на:

Бугарската влада одобри 460.000 евра помош за настраданите од пожарите

t

Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади лева како финансиска помош за семејствата погодени од неодамнешните пожари, соопшти министерот за труд и социјална политика, Борислав Гуцанов, пишува Нова.бг.

Досега граѓаните можеа да аплицираат за 978 евра. Сега доделуваме дополнителни 1.533 евра по семејство. Исто така, може да се побараат уште 1.278 евра за набавка на техника уништена во пожарите. Вкупната сума што едно домаќинство може да ја добие достигнува 3.834 евра,“ изјави Гуцанов.

Министерот прецизираше дека за да се добие помошта, оштетеното живеалиште мора да биде единствен дом на семејството, а објектите да бидат легални – не се однесува на викендички или втори и трети недвижности.

Предлогот е подготвен од Министерството за труд и социјална политика, а одлуката веќе е усвоена од Владата.

„Граѓаните веднаш може да аплицираат за средствата во локалните канцеларии на министерството во погодените региони,“ додаде Гуцанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова ќе бара оставка од шефот на…

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…

Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова

Бугарија во недела избира претседател на избори…

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…