Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да помислам што ќе биде ако загубиме од Македонија!

Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не сака ни да помисли што ќе се случи ако Македонија ја победи Бугарија на фудбалскиот натпревар во Разград.
,,Во фудбалот сѐ се сведува на резултати и не сакам да помислам што ќе биде ако загубиме од Македонија. Овој меч е клучен за Бугарија, зашто ако загубиме сѐ ќе тргне надолу, повторно ќе видиме раздор, сигурно ќе има смена на селекторот и пак ќе се вратиме на истото – да го чекаме следниот циклус, во случајот квалификациите. Затоа овој меч е многу важен, од причина што со победа ќе го фатиме вистинскиот правец и работите ќе тргнат на добро, а фудбалерите ќе добијат на самодоверба, навивачите ќе се вратат на стадион и репрезентацијата ќе има поддршка како што беше порано“, вели Петков.
Дуелот се игра во четврток во Разград од 18 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделците во Бугарија ќе блокираат патишта и…
Во Бугарија денеска почна националниот протест на…
Бугарија во паника: Пронајден дрон, не се…
Модуларна формација за отстранување муниција од поморската…
Бугарски генерал го подбра бугарското разузнавање: Зарем…
Бугарскиот генерал Атанас Атанасов, кој воедно е…
Јотова се надева дека “Македонија ќе ги…
„Мора да се искористат сите напори на…
Бугарскиот премиер Денков ги нарече производителите на…
„Не преговарам со терористи“ – вака бугарскиот…