Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три генератори за струја, да не ви паѓа системот на граница
Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас“. Тој пред новинарите го коментираше задржувањето на Бугарите на граница, но и тоа што европратеникот Ангел Џамбаски не дојде во Македонија.
Демерџиев реагираше што Бугарите чекале на граница и од пред Свети Спас кажа дека ќе подареле три генератори за струја, за да системот повеќе не биде во прекин.
Демерџиев пред новинарите кај црквата Свети Спас за доаѓањето на Џамбаски и Костадинов посочи: Јас зборував со нив и кажав да останат во Бугарија. Ме послушаа. Тие не дојдоа до граница. Тоа за мене е најправилниот пат, не треба провокации“.
Бугарскиот вицепремиер посочи дека очекува Македонија реципрочно да одговори и да ги пушти Бугарите да го слават Гоце Делчев, исто како што Бугарија ги пушти Македонците претходно.
Очекувам секој бугарски државјанин да стигне без било какви интервенции – кажа тој.
Прашан дали е пријателство односот на поединечни политичари од Бугарија кои Македонија ја нарекуваат бугарска држава, Демерџиев рече: За нас е јасно е дека Македонија е суверена независна држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…