Бугарските власти истражуваат дали експлозијата во магацин за оружје е саботажа

t

Бугарските власти отворија истрага за експлозијата во магацин за оружје во централна Бугарија, која се случи во текот на ноќта.

Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска изјави пред новинарите дека во пожарот кај селото Царева Ливада нема повредени, огнот е ставен под контрола и истрагата е во тек.

Тој укажа и на можна поврзаност на инцидентот со пожарот што во август избувна во друг објект на компанијата „ЕМКО“ (EMCO).

„Постои занемарување на условите под кои се складираат експлозивот и муницијата“, рече Демерџиев.

– Се занемаруваат и безбедносните мерки – имаме еден инцидент, па друг. Оваа дејност претставува доволно сериозен извор на опасност за безбедносните мерки никако да не смеат да се занемаруваат – рече тој.

Демерџиев, член на владата назначена од премиерот Румен Радев, кој се двоумеше да ѝ пружи воена помош на Украина, не ги коментираше тврдењата на опозициските партии дека пожарите би можеле да бидат поврзани со саботажи на Москва насочени против фабриките што ја снабдуваат Украина со оружје.

Во текот на изминатата деценија се случија неколку експлозии во фабрики за оружје на компанијата „ЕМКО“, која ја снабдува Украина со вооружување. Сопственикот на „ЕМКО“, Емилијан Гебрев, во 2015 година преживеа обид за атентат, поради што беа поднесени обвиненија против тројца руски државјани за кои постои сомневање дека се припадници на руската воена разузнавачка служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските власти истражуваат дали експлозијата во магацин…

Бугарските власти отворија истрага за експлозијата во…

Протест во Приштина за поддршка на водачите…

Во Приштина се одржа марш за поддршка…

Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Остри реакции во Белфаст по изјавите на…

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска…

ЦИА декласифицираше 71 документ: Нов увид во…

Американската Централна разузнавачка агенција објави 71 декласифициран…