Бугарски професор: Kлубовите се користат за провокација, за жал Бугарија прва започна
Бугарија треба да дозволи преговори на земјава со ЕУ без условување со внесување на Бугарите во Уставот, истакна проф. Димитар Атанасов од Институт за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј при Бугарската академија на науките на завршната конференција: „Демистифицирање на (не)соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Македонија и Бугарија“, во организација на Евротинк, што се одржа денеска во Скопје.
Ако погледнеме на историските личности, Гоце, Даме, тие сакале на Осоговските Планини да нема граници, тие сакале Деве Баир и Ѓуешево да бидат само две села и ништо повеќе и меѓу нив да се минува слободно. Бидејќи ние сме различни, но доволно блиски. Она што го можат Италијанците, Шпанците и Французите, зошто да не го можеме и ние, Бугарите и Македонците, рече Атанасов.
За односите меѓу Македонија и Бугарија во моментов, историчарот вели дека тие се на дното, а за тоа придонесоа иницијативите за отварање на т.н. културни клубови во двете земји.
Се покажа дека клубовите се искористија како средство за провокација. За жал, ќе кажам дека Бугарија започна, односно од бугарска страна започна кампањата на провокации, Македонија одговори, што исто така не е во ред, но односите во моментов можеби се на дното. Оттука натаму од нас зависи да започнеме да ги подобруваме, изјави Атанасов.
Додаде дека од двете страни на границата има политички субјекти, партии и институции, во чијшто интерес е односите да бидат се’ полоши. На чело на кампањата во Бугарија во последно време, вели тој, за жал одново застана бугарскиот претседател, Румен Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…