Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика партиската анализа за изборите во Брвеница, во која убедливиот пораз се толкува преку проценти за раст на сопствените гласови и пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Наместо поддршка, под објавата следуваат пораки за одговорност, промена на луѓето што ги подготвуваат анализите и заминување на раководството.
„Неспособно раководство. Жално за партија која пропаѓа“, пишува Ристо Каркалашев, додека Александар Димитриевски порачува: „Сменете ги тие што ви ги прават анализиве, на лош пат ве водат“.

Во објавата на СДСМ се наведува дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радически, освоил 2.944 гласа, наспроти 3.388 во 2025 година. Партијата истовремено истакнува дека нејзиниот кандидат, Јовица Радески, освоил 706 гласа, наспроти претходните 481, што го претставува како раст од 46 проценти.

Но, токму обидот ваквиот исход да се прикаже како потврда дека СДСМ „расте“ предизвикал револт кај коментаторите. Според бројките во самата објава, разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 2.238 гласа.
„2.300 гласа разлика… и се понашате ко да сте победиле“, гласи еден од коментарите.
Тете Трајкова, која во коментарот ја нарекува СДСМ „наша партија“, посочува и друга споредба: според неа, советничката листа на партијата во 2025 година освоила 763 гласа — повеќе од сегашните 706 за кандидатот за градоначалник. Со тоа го оспорува изборот на споредбена основа со која партијата го нагласува растот.
Незадоволството е видливо и во директните пораки: „Ајде сите по дома!“ и „Не ви е срам со анализиве? Ви се смее народот“.
Прикажаните реакции сведочат за остро незадоволство од членството на партијата на официјалната партиска објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…
Нападнато седиштето на Социјалистичката партија во Тирана…
На шестиот ден од насилните протести во…
ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница,…
На предвремените избори за градоначалник на Општина…
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница,…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му…