Објавено на:

Вадефул: Се плашам дека Русија само купува време

t

Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска, во Загреб, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно само „купува време“ со учество на меѓународни состаноци, но нагласи дека ова е погрешна пресметка бидејќи европската помош за Украина нема да престане.

-Мојот страв е дека Русија сака да купи време, а тоа всушност може да се види од реакцијата на овој значаен дипломатски ангажман на американскиот претседател Доналд Трамп, рече Вадефул за време на прес-конференцијата со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман.

„Доколку Путин мисли дека може да купи време, тогаш погрешно пресметува бидејќи нашата поддршка нема да се намали“, рече Вадефул.

Шефот на германската дипломатија потсети дека по средбата во Алјаска, било кажано дека наскоро ќе следи средба меѓу Путин и украинскиот претседател, со или без Трамп, но дека „се чини дека тоа нема да се случи“ бидејќи рускиот лидер не е подготвен за тоа.

-Сега на Путин е да седне на преговарачка маса, рече Вадефул и нагласи дека Украина покажала подготвеност за разговори.

„Најдобрата гаранција против агресијата на Путин е одбранбената подготвеност на Украина“, додаде тој.

Вадефул и Грлиќ Радман нагласија дека мировните преговори не можат да се одржат без Киев, а хрватскиот министер ја нагласи важноста на зачувувањето на територијалниот интегритет на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вадефул: Се плашам дека Русија само купува…

Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска,…

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ…

Кои беа петте најмоќни југословенски компании?

Економскиот пејзаж на поранешна Југославија беше обележан…

ССМ: Сиромашни работници, богати функционери – Една…

Во Македонија во месец мај 2025 година…

За две години во Словенија се запишале…

Не запира интересот, туку е се поголем…