ССМ: Сиромашни работници, богати функционери – Една третина од работниците примаат плата под 500 евра!

t

Во Македонија во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, објавија од Сојузот на синдикати на Македонија на Фејсбук.

– Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра.

Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и парламентот се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства кои ниту со две плати не можат да си дозволат ниту да ги обезбедат најосновните услови за живот за своите семејства согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница што е загрижувачки.

Во Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно малцинството владее со мнозинството.

Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот. – стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

Македонската преработувачка индустрија лани изгубила 6.250 работници

Преработувачката индустрија – најголемиот работодавач во државата…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Македонија меѓу земјите со најсериозни прекршувања…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти…