Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново Лисиче – ќе ги бараат со „Сејф сити“

t

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по вечерашниот инцидент во кој беа запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“.

Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари. А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже! Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани! Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Сејф Сити“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани. Барам одговорност! Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција! Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам. Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот! Со законите нема поигрување, напиша Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…