Објавено на:

Вардар ангажираше украински репрезентативец за новата сезона

t

Левиот бек Дмитро Горига (26) следната сезона ќе настапува за Вардар. Ракометниот репрезентативец на Украина игра во двата правца, и во напад и во одбрана.

– Треба да ја засили конкуренцијата во тимот, и да го подигне квалитетот на играта. Иако имаше понуди и од други клубови, реши да дојде во Вардар. Горига ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Сигурни сме дека ќе се вклопи брзо во нашиот систем на играње и ќе може во целост да го покаже својот квалитет. Секоја година одиме чекор понапред, и создаваме тим што во иднина ќе ги донесе посакуваните резултати на клубот, вели Борко Ристовски, извршниот директор на РК Вардар

Горига настапуваше за Украина на ЕП во 2022 година. Неколку сезони е веќе интернационалец со искуство играње во Полска и Франција. Играше и во квалификациите за ЕП 2024 година, но тогаш Украина не се пласираше на завршниот турнир.

Украинецот во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, и во Полска во тимот на Шчечин, а во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…