Вархеји: Одложувањето на почетокот на преговорите со Тирана и Скопје ја доведува во прашање довербата во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кој денеска престојуваше во Тирана, рече дека Европската Унија работи напорно за да ги убеди Бугарија и Македонија да го решат спорот и да го отворат патот за пристапни преговори со ЕУ за Скопје и Тирана.
Тој напомена дека „наша цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање“ и доколку е потребно тој секојдневно ќе оди во Скопје и Софија.
– Мора да почнеме со вистинска интеграција на терен. Доцнењето на Брисел за отпочнување на разговорите за членство во ЕУ со владите на Тирана и Скопје ја доведува во прашање безбедноста и довербата во Унијата, рече тој на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, нагласувајќи оти е потребно воспоставување стабилност на Западен Балкан.
Во објава на Твитер, пак, Вархеји напиша дека е „крајно време е да го исполниме нашето ветување и да ја одржиме првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“.
Албанскиот премиер Рама, од своја страна, истакна дека во моментов Тирана нема да се дели од Скопје на патот кон Унијата, но доколку не почнат преговорите во јуни, Албанија ќе побара одвојување.
Еврокомесарот Вархеји го поздрави, како што рече, трпението на Албанија, барајќи да биде трпелива уште некое време.
Вархеји во Тирана допатува од Скопје, каде што вчера порача дека местото на Македонија е во ЕУ. Тој нагласи дека прашањето за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија да се реши до крајот на франуцското претседателство во јуни, оти нема време за губење и процесот треба да се забрза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД свечено ја отвори постојаната воена база…
Американските копнени сили денеска ја добија својата…
Османи со директна порака до “огнените”: Срамота…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…
Се јави Дугин: Кина е свесна дека…
Посетата на претседателот на Народна Република Кина…
По Киев јапонскиот премиер пристигна и во…
Јапонскиот премиер Кишида пристигна во Буча со…
Османи: Косовски политичар кажа дека Ахмети е…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…