Вархеји: Одложувањето на почетокот на преговорите со Тирана и Скопје ја доведува во прашање довербата во ЕУ

t

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кој денеска престојуваше во Тирана, рече дека Европската Унија работи напорно за да ги убеди Бугарија и Македонија да го решат спорот и да го отворат патот за пристапни преговори со ЕУ за Скопје и Тирана.

Тој напомена дека „наша цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање“ и доколку е потребно тој секојдневно ќе оди во Скопје и Софија.

– Мора да почнеме со вистинска интеграција на терен. Доцнењето на Брисел за отпочнување на разговорите за членство во ЕУ со владите на Тирана и Скопје ја доведува во прашање безбедноста и довербата во Унијата, рече тој на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, нагласувајќи оти е потребно воспоставување стабилност на Западен Балкан.

Во објава на Твитер, пак, Вархеји напиша дека е „крајно време е да го исполниме нашето ветување и да ја одржиме првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“.

Албанскиот премиер Рама, од своја страна, истакна дека во моментов Тирана нема да се дели од Скопје на патот кон Унијата, но доколку не почнат преговорите во јуни, Албанија ќе побара одвојување.

Еврокомесарот Вархеји го поздрави, како што рече, трпението на Албанија, барајќи да биде трпелива уште некое време.

Вархеји во Тирана допатува од Скопје, каде што вчера порача дека местото на Македонија е во ЕУ. Тој нагласи дека прашањето за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија да се реши до крајот на франуцското претседателство во јуни, оти нема време за губење и процесот треба да се забрза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Може да гласаат и граѓаните со истечени…

На претседателските избори денеска можат да гласаат…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“

 Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување…

Поради корупција уапсен е рускиот заменик министер…

Русија уапси министер поради примање мито.  Рускиот…

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…