Објавено на:

Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата го уапсила со марихуана

t

Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла марихуана додека го користел правото на викенд отсуство.

„На 09.05.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство“, соопшти МВР.

Ѓ.К. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…