Објавено на:

Венецуела објави ослободување на 131 политички затвореник

t

Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички затвореник, а САД го нарекоа овој потег значаен чекор кон национално помирување, јави ДПА.

Аналитичари ја гледаат одлуката во Каракас како еден од првите резултати од преговорите меѓу владата на вршителот на должноста венецуелска претседателка Делси Родригез и претставниците на опозицијата.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече ослободувањето на затворениците „витален чекор“ кон национално помирување. Рубио напиша на социјалната мрежа Икс дека вкупно 1.046 Венецуелци се ослободени од апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро во американската воена операција во Каракас.

Шефот на делегацијата на опозицијата што учествуваше во разговорите во Каракас, Динора Фигера, изјави дека не се ослободени сите политички затвореници.

Невладината организација „Форо Пенал“ претходно оваа недела изјави дека во венецуелските затвори се уште има 391 политички затвореник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела објави ослободување на 131 политички затвореник

Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички…

Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32…

Од речиси 50 лица кои живееле во…

Бројот на жртви во Венецуела се искачи…

Една недела по катастрофалните земјотреси што ја…

(Видео) По шест дена под урнатините, извлечено…

По шест дена поминати под урнатините од…

Повеќе од 43.000 луѓе се уште се…

Повеќе од 43.000 луѓе сè уште се…