Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32 часа по земјотресот во Венецуела
Од речиси 50 лица кои живееле во нејзината станбена зграда, само тројца биле извлечени живи. Карина Бланко не била во својот дом кога земјата почнала силно да се тресе. По силните потреси, таа избегала надвор заедно со останатите жители.
– Кога сфатив колкави се штетите почнав да викам по мојата ќерка. Влегов во автомобил и возев најбрзо што можев, изјави Бланко.
На 24 јуни два силни земјотреси ја погодија Венецуела во период од само неколку секунди. Вториот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтер, бил меѓу најсилните што ја погодиле земјата во последните сто години. Дванаесетгодишната Фабијана останала заглавена под урнатините. Таа во моментот на земјотресот била во спалната соба, на првиот кат од десеткатна зграда. Истрчала кон кујната и се држела за кујнските елементи додека ѕидовите околу неа почнале да се уриваат. Во еден момент била бутната на подот.
– Гледав како работите се тресат, паѓаат и се кршат, а потоа ѕидовите почнаа да пукаат. Ѕидот што го делеше мојот стан од станот на мојот пријател се урна. Во тој момент помислив: Ќе умрам. Нема да преживеам. Никој нема да ме спаси, изјавила Фабијана.
Под урнатините лежела свртена со лицето нагоре, заробена меѓу бетон и шут од сите страни, со таван кој речиси ѝ го допирал лицето. Дека под урнатините има девојче кое е сè уште живо, информирала медицинската сестра која се спасила по шест часа од земјотресот. Мајката на Фабијана раскажала за страшното доживување додека се молела нејзината ќерка да излезе жива и здрава.
– Се предадов на Бога, барајќи сила да започнам нов живот без Фабијана. А потоа некој ми кажа: ’Твојата ќерка е жива, изјавила Карина. Веднаш истрчав назад кон зградата, викајќи низ отворите меѓу урнатините и повикувајќи го името на ќерка ми, рекла таа.
– Отпосле ми кажаа дека ме довикувала. Јас, иако свесна не можев да чујам ништо. Едната нога ми беше во болна и незгодна положба, па поместив дел од урнатините за да ја исправам. Додека го правев тоа, се здобив со гребаници и исекотини, но од некоја причина имав надеж и вера“, изјавила Фанијана. Пронајдов шише кечап и малку рендано сирење. Тоа ме одржа во свесна состојба, додала таа.
Пожарникарите не успеале да ја пронајдат. Фабијана го пронашла својот мобилен телефон. Иако немало сигнал поради прекин на мрежата, таа снимила видео.
„Стан – „Ритамар палас“. Имаше земјотрес и голем дел од објектот се урна. Нема струја. Никој не доаѓа да нè спаси. Сама сум. Многу соседи се заробени. Ни треба помош“, се слуша во снимката.
Луѓето почнале да пристигнуваат со алати и опрема, но присутните пожарникари се повлекле велејќи дека пристапот е невозможен. Подоцна пристигнала нова група пожарникари, но и тие не успеале да стигнат до неа. Во меѓувреме, волонтерот Виктор постојано се враќал на местото и ја охрабрувал. Побарана е и помош од спасувачки тим од Каракас. Полека бил отстрануван шутот и бил направен отвор доволно голем за да ја видат.
Околу 32 часа по страшниот настан, околу 02:00 часот наутро, спасувачите успеале да ископаат тунел и да ја извлечат. Според информациите добиени од лекарите, девојчето е во добра здравствена состојба.
Во земјотресите што ја погодија Венецуела на 24 јуни, се загинати 3.342 лица, додека десетици илјади сè уште се водат како исчезнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32…
Од речиси 50 лица кои живееле во…
Бројот на жртви во Венецуела се искачи…
Една недела по катастрофалните земјотреси што ја…
(Видео) По шест дена под урнатините, извлечено…
По шест дена поминати под урнатините од…
Повеќе од 43.000 луѓе се уште се…
Повеќе од 43.000 луѓе сè уште се…
(Видео) Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на…
Најмалку осум работници се повредени во експлозија…