„Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

t

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.

„Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува.

Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика.

Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Венко е сосема одлепен од реалноста, она…

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите…

(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…

Во борбата со големиот пожар што беснее…

(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…

Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…

Пет активни пожари низ Македонија

На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…