Веќе неколку дена во прeкин сообраќајот во струмичко поради поплави и наноси на коловозот

t

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.

На патниот правец А2 Струга – Ќафасан, од бензинска пумпа ОКТА до излез на село Франгово кај месноста Добра Вода, поради оштетувања на коловозот брзината се ограничува на 40 км на час.

Од АМСМ информираат дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворски полицаец од Струмица однел затвореник да…

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42)…

Струмица вечерва е најзагаден град во Европа!

Струмица вечерва е најзагаден град во Европа,…

Лукаревска од Струмица: СДСМ е сојузник на…

СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците,…

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Ерменија

Во пријателски натпревар одигран попладнево во Струмица,…

Хорор во струмичко:  Ја натепал мајка му…

Триесет и осумгодишен струмичанец ја нападнал физички…