(Видео)Битолчани на улица по земјотресот, во Битола нема телефонска мрежа и интернет – пријавени и оштетувања

Силен земјотрес со јачина 5,8 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција со епицентар во Лерин на длабочина од 2 километри, а се почувствува низ цела Македонија.
Неколку минути по првичниот потрес, почувствуван беше уште еден земјотрес од 4.8 степени како афтершок на првичниот.
Во Македонија, Битола беше најпогеден град, а битолчани веќе пријавуваат штети. Голем број од граѓаните се на улица, пред нивните згради и домови во исчекување на нов посилен потрес.
Извештај од Битола има телевизија „21“.
Мрежата во Битола е во прекин, јавуваат жители за ТВ21.
Според нив, во моментов не е возможно да се воспостави телефонска комуникација, а нема ни интернет.
Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов земјотрес во Албанија рано утрово
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според…
Нема мир: Дојави за бомби во училишта…
Утрово на службените мејлови на училиштата „Никола…
МВР со полни раце работа и во…
Денеска (24.12.2022)во времето од 14:00-18:00 на територијата…
Силен земјотрес го погоди Иран
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според…
Акција на МВР во Битола: Пронајдена дрога,…
На 13.12.2022 во 14.10 часот во Битола,…