(Видео)Шест години Интервентна полиција со порака „Ние сме закон, глас и на народот чест“
„Се трага по бело „БМВ“ управувано од лице маскирано и најверојатно вооружено. Возилото се движи по Џон Кенеди кон Цветан Димов“, започнува воведот на видеото на Интервентната полиција по повод шест години од нејзиното формирање.
Единицата за интервентна полиција во видеото е опишана преку анонимна авторска песна како елитен и нераскинлив дел од безбедносниот систем, чија примарна задача е заштита на граѓаните и државниот поредок. Нивното дејствување е водено од принципите на храброст, гордост, закон и ред, при што тие се појавуваат како клучни актери во ситуациите каде што другите служби застануваат.
Низ песната се опишани задачите на припадниците на оваа единица, кои се обучени да реагираат ефикасно и без компромис, дејствувајќи како „штит“ за Македонија во моменти кога се загрозени мирот и законот. Нивната реакција е брза, а секој чекор е внимателно испланиран и измерен.
Единицата не функционира како збир од поединци, туку како хомоген тим каде што одговорноста е заедничка. Тие се водат од „клетвата на униформата“, која ги обврзува на чесна служба кон татковината и граѓаните. Нивниот делокруг вклучува широк спектар на сложени операции, како што се: следење и приведување на вооружени и маскирани лица, лоцирање и сузбивање на организирани криминални групи, лишување од слобода на лица по кои се трага со централни потерници за издржување затворски казни, откривање и запленување на поголеми количини опојни дроги.
Во песната се истакнува и патриотизам и пожртвуваноста на припадниците на интервентната полиција, и дека Македонија е врвниот приоритет. Тие се подготвени на најголемата жртва, ставајќи го животот за татковината пред сопствените лични интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео)Шест години Интервентна полиција со порака „Ние…
„Се трага по бело „БМВ“ управувано од…
ЕСМ алармира за кризна состојба, тешко оди…
Поради блокадите на грчките земјоделци земјава се…
Нова цена на дизелот од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди…
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди…
Просечната нето плата во Хрватска достигна 1.470…
Просечната октомвриска нето плата во Хрватска изнесуваше…