Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди упадот во редакцијата на Инфомакс
Делегацијата на ЕУ во Македонија го осуди упадот во редакцијата на Инфомакс.
Во реакцијата на Делегацијата на ЕУ се наведува дека слободата на изразување е основна вредност на Европската Унија.
Во продолжение реакцијата на Делегацијата на ЕУ:
Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија јасно го осудува овој насилен инцидент и нагласува дека секое насилство е неприфатливо во политичката или друга општествена дискусија или конфронтација, а особено против новинарите и медиумските професионалци.
Слободата на изразување е основна вредност на Европската Унија и ние цврсто се залагаме да го браниме ова право, преку политички дијалог, застапување, како и соработка со сите релевантни засегнати страни. Ќе продолжиме да се залагаме владата и јавните институции ригорозно да ја спроведуваат заштитата на новинарите од акти на насилство, заплашување или вознемирување што имаат за цел да ја ограничат слободата на говорот.
Безбедноста и слободата на новинарите се неопходни за здраво, демократско и функционално општество. Ја поздравуваме брзата реакција на агенциите за спроведување на законот во решавањето на овој инцидент и внимателно ќе ги следиме законските постапки. Исто така, ги поздравуваме различните изјави дадени од политичките засегнати страни кои го осудија овој напад, зајакнувајќи го обединетиот став против насилството и посветеноста на почитувањето на вредностите на слободното изразување, стои во писмото од Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија до Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…