(Видео) Авион се излизга од пистата во Сплит при полетување
Авион со 132 патници на аеродромот во Сплит се излизга од пистата при полетување, пренесуваат хрватските медиуми. Станува збор за авион Ербас А220 на компанијата „Кроација ерлајнс“, кој преминал на тревната површина покрај пистата.
Според првичните информации, нема повредени, патниците и членовите на екипажот се симнати од авионот. Инцидентот се случил во 13 и 30 часот додека се подготвувал да полета за Франкфурт.
„За време на подготовката, од непознати причини, авионот скршна од пистата и заврши на едната страна во тревната површина. Претрпе штета од судир со вертикалната ознака и светлата на рабовите на пистата, но ниту еден од патниците не е повреден“,информираат раководните служби на аеродромот.
Инцидентот го потврдија и од авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“, од каде соопштија дека сите патници го напуштиле авионот и се во зградата на аеродромот во Сплит, каде што им е обезбедена целата потребна поддршка за да го продолжат своето патување. Повеќе информации за причините, најавуваат по завршување на проверките.
„’Кроација ерлајнс’ е во постојана координација со аеродромот во Сплит, надлежните служби и воздухопловните власти. Безбедноста на патниците и членовите на екипажот е апсолутен приоритет на компанијата, а повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на првите професионални проверки и официјалните процедури“,велат од „Кроација ерлајнс“.
Од аеродромот во Сплит соопштија дека се известени Агенцијата за цивилно воздухопловство и Агенцијата за истражување несреќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Авион се излизга од пистата во…
Авион со 132 патници на аеродромот во…
(Фото) Се урна авион врз станбена област…
Две лица загинаа кога мал авион денеска…
(Видео) Авион се урна врз куќа во…
Тешка авионска несреќа се случила вчера во…
Четири мртви тела најдени во реките Купа…
Четири мртви тела биле пронајдени во сабота…
(Видео) Полета првиот авион со евакуирани патници…
Првиот авион со патници евакуирани од крузерот…