(Видео) Авион се урна врз куќа во САД, две лица загинати
Тешка авионска несреќа се случила вчера во американскиот град Акрон, каде што мал авион се урна врз куќа и предизвикал огромен пожар кој ја покрил целата населба со густ црн чад. Според локалните служби, трагедијата се случила околу 15:45 часот по локално време, во дел од градот што се наоѓа јужно од центарот на Акрон.
Пожарникарите веднаш излегле на местото на настанот по пријавите за експлозија и пожар, а сцените од местото на несреќата биле драматични. Голем облак црн чад се издигнал над населбата, додека службите за итни случаи го обезбедувале подрачјето. Американската федерална администрација за воздухопловство објави дека во остатоците од авионот „Пајпер ПА-28“ биле пронајдени телата на две лица.
Пожарникарите ја евакуирале куќата каде што се урнал авионот, како и блиската зграда, од безбедносни причини. Според моментално достапните информации, никој од жителите на населбата не е повреден.
Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот во моментот на несреќата, ниту што го предизвикало падот на леталото. Околностите на трагедијата ги истражуваат надлежните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…