(Видео) Ако прозбори Рашковски, Зоран Заев „а“ нema да може да каже: Јовановски открива како бил peкетиpaн пokojниот бизнисмен

t

Taткото на Бојано Јовановски, Миле Јовановски во своето интервју за А1 Он открива детали за случајот „Рекет“ кои досега биле непознати за македонската јавност.

Според Миле Јовановски на чело на рекет шемата бил токму екс премиерот Зоран Заев кој рекетирал десетици бизнисмени, а неговиот син попознат под прекарот Боки 13 бил само посредник во рекетот на познати македонски бизнисмени.

Едно од имињата кои Јовановски го споменуваше повеќе пати е името на Жарко Луковски кој според него починал од тортурата која ја преживеал од власта.

-Што мислите како така набрзина почина Жарко Луковски? Од што? Така не се умира… Жарко Луковски во мало 50 години сме, знаете какви тортури и пресии му правеа, лично ми кажувал. Знаете дека го малтретираа, една, втора, трета, четврта изјава за да им се поклопат коците за рекет, истакна тој.

Тој тврди една од жртвите на рекетот на Заев е и бизнисменот Жарко Луковски кој ненадејно починува за време на постапката за предметот „рекет“. Миле Јовановски истакна дека ако проговори Рашковски за случајот, екс-премиерот ќе нема повеќе никаков избор.

-Aко прозбори Рашковски, Зоран Заев „а“ нема да може да каже. Гарантирам поради една порака пратена од Жарко Луковски. Бојан го запозна со Зоран Заев. И цела комуникација во еден момент се сведува дека „Жарко Луковски најубаво ќе биде да се слуша со Рашковски“:

Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ – Жарко Луковски беше обвинет во случај на СЈО за „Базни Станици“, а како и останатите случаи на ова згаснато обвинителство, Луковски најверојатно бил рекетиран и уценуван.

Во еден од разговорите меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев, објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, Боки 13 спомнува дека Луковски завршил работа за случајот со базните станици, и во СЈО, и во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Со “амин” од Врховен, Катица и Боки…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…

Синот на Катица Јанева: Ќе дојде ден…

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар…

Боки 13 до Камчев: Парите да си…

Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел…