(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“ – рекол напаѓачот кој избоде три жени во Париз
Три жени, меѓу кои и една бремена, биле избодени со нож денеска околу 11:30 часот во близина на метро станицата Порт де Клиши во Париз, пишува „Фигаро“.
Француската полиција соопшти дека повредените жени веднаш биле згрижени од екипи на Итната медицинска помош и пренесени во болница. Една од нив се наоѓа во критична состојба.
Осомничениот, 31-годишен маж за кого се претпоставува дека има психички нарушувања, бил уапсен на местото на нападот, а кај него биле пронајдени два ножа.
На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа како мажот мавта со два ножа, пред случајни минувачи да го совладаат и да го соборат на земја. На едно од видеата се гледа како напаѓачот се нафрла врз една жена додека во раката држи нож.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез, изјави дека осомничениот давал „неповрзани и неразбирливи изјави“, предупредувајќи дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за неговите мотиви.
„Тој човек рече: „Алах ме испрати да убивам жени“. Но, не, тој е психички болен“, изјавил извор близок до истрагата за францускиот весник „Ле Паризиен“.
И покрај тоа, француското обвинителство за борба против тероризмот не го презеде случајот, а тероризмот засега не е главната насока на истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“…
Три жени, меѓу кои и една бремена,…
Три жени повредени во напад со нож…
Уапсен е маж осомничен за напад и…
Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…
Париското небо се претвори во огромно светлосно…
Скратено работно време на Ајфеловата кула и…
Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…