(Видео) Александар Николоски на средба со младите европски амбасадори

t

“Денес имаме средба со претставници на т.н. Млади европски амбасадори, тоа е една исклучително талентирана група на млади луѓе од Македонија, вкупно 120 се избрани во Европа од кои што 10 се Македонија што имајќи во предвид големината на државата се работи за една исклучително голема бројка. И ќе поразговараме во однос со состојбите во државата и европските интеграции.

Инаку ми е особена чест што вчера во рамки на сесијата на парламентарното Собрание на Советот на Европа бев избран за потпретседател на Европската Народна партија во рамките на Советот на Европа. Тоа значи дека во рамки на најголемата политичка партија во Европа ќе имам можност да ги координирам активностите заедно со претседателот на групата во Советот на Европа.

Тоа се пред се активности поврзани со делот на заштита на човековите малцински, јазични права, понатака фер и демократски избори, мониторинг на избори, борба со организиран криминал и корупција, и економска еднаквост.

Покрај мене беа избрани и исто така за заменици претседатели и господинот Улрих Вокер од Германија, госпоѓата Дора Бакојани од Грција, понатака Бернард Фурние од Франција, колегата Луис од Португалија, и колешката Шо од Норвешка. Така што тоа е еден убав настан кој што се случи вчера.” пренесуваат ВМРО-ДПМНЕ и Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли средба Блинкен-Лавров во Скопје?

Американската страна не побарала средба меѓу рускиот…

Младите македонски фудбалери ја декласираа Саудиска Арабија…

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Либија ги протерува амбасадорите на САД, Британија,…

Либијскиот парламент гласаше за да се протераат…

Египетскиот претседател ќе биде домаќин на јорданскиот…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска ќе…