Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати остра критика до власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со јасна порака: младите не заслужуваат ваква влада која им ја краде иднината.
„Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат вака влада. Влада што ја одзема можноста за прогрес. Влада која ви кажува дека можете да купите диплома за да напредувате. Влада што прави сè за да ви сугерира дека единствениот начин за успех е да имате членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е срам за една демократска држава.“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ укажа дека младите се деморализирани од системот кој нуди корупција, партизација, неправда и сиромаштија.
„Се среќавам со млади секојдневно, гледам неверојатна енергија, идеи, желба за напредок. Но истовремено гледам и тага – затоа што овде им се одзема правото на фер шанса. Се создава чувство дека во Македонија не вреди да се бориш ако не си дел од партиската шема на власта.“
Филипче порача дека СДСМ е подготвен за борба за државата да се врати на вистинскиот пат, на патот на еднакви шанси, квалитетно образование, достоинствен живот за младите и европска иднина на земјата и ги повика младите на заедничка акција
-И да знаете дека вие, како членови на Социјалдемократската младина на Македонија, сте наследници и на асномците, и на илинденците, и тоа е свето наследство. И со вашата активност, со вашата борба, ќе ја вратиме Македонија таму каде што заслужуваме да бидеме – на европскиот пат, во европското семејство на народите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…