Објавено на:

(Видео) Американски борбени авиони „под нос“ на Русија: САД распоредува ловци во Естонија

t

Шест американски авиони Ф-15 денеска слетаа во воздухопловна база во Естонија и до крајот на следната недела тие ќе бидат распоредени, бидејќи НАТО го зајакнува своето источно крило во страв од можен руски напад врз Украина.

НАТО пред два дена соопшти дека ги става сите свои сили во зголемена готовност и ја зајакнува Источна Европа со бродови и борбени авиони, што Русија го оцени како ширење западна „хистерија“.

Во соопштението не се спомнуваат американските борбени авиони што ќе бидат распоредени во Естонија.

– До крајот на следната недела ќе бидат распоредени шест борбени авиони, изјави портпаролот на воздухопловната база „Амари“ во Естонија.

Авионите Ф-15 ќе ја унапредат мисијата на НАТО „Baltic Air Policing“, соопшти сојузничката воздушна команда на НАТО.

Балтичките земји, Естонија, Летонија и Литванија, некогаш управувани од Москва, а сега дел од НАТО и Европската унија, не управуваат борбени авиони и се потпираат на надзорот на НАТО врз нивниот воздушен простор.

НАТО претходно соопшти дека Данска утре ќе испрати четири борбени авиони Ф-16 во блиската летонска воздухопловна база во Шиаулиаи.

„Планот е да се соработува со другите сојузнички земји на Балтикот, да се вежбаат маневри воздух-воздух и воздух-земја, покрај мисиите за „Air policing“, се додава во соопштението на сојузничката воздушна команда.

Тензиите се зголемија откако Русија собра околу 100.000 војници во близина на границата со Украина и ја опколи на север, исток и југ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Украина да превземе акција против корупцијата…

Вашингтон поднел листа на „приоритетни реформи“ кои…

Османи барала од американскиот амбасадор санкции за…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска се…

Хилари Клинтон: Путин ги мрази САД!

Поранешниот американски претседателски кандидат Хилари Клинтон и…

Шојгу: Војната во украина ќе трае најмалку…

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кажа…

Нова уцена од Ердоган: Ќе ја примиме…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…