(Видео) Ангелов: „Владата да го направи она што го направи Груевски, политичката ситуација е климава“ – Бара поддршка и од Мицкоски

t

Директорот на ЦУК и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, заедно со 4 ветерани од конфликтот во 2001 година, се пожали дека штетата кои ја добиле од државата, сега мора да ја враќаат поради тужби од Министерството за одбарана и МВР.

Тој вели дека и покрај тоа што Шеќеринска и Заев му ветиле решавање на овој проблем, тоа не се случило. Точката не стигнала на дневен ред во Генералниот секретаријат при владата. За да нема заблуда, Ангелов информира дека од ДУИ немало противење.

За него, политичката ситуација во изминатите две-три години била „климава“ поради референдумот и изборите. Поради што, сега било време владата да изврши притисок „каде што треба“. Побара Владата да го направи она што го направила владата на Груевски, да ги стопира тужбите.

На настанот јавно повика за средба со Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за да поразговараат за можноста иницијативата да стане закон. Поддршката ја побара и од албанските партии.

Од 2001 има уште 14 семејства кои не е обештетени. Изјави Стојанче Ангелов за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…

Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните…

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…

ЦУК: Три активни пожари, четири се под…

Во текот на вчерашниот ден, сабота, 07.09.2024…

Активи се шест пожари во Прилеп, Чашка,…

Во текот на вчерашниот ден, четврток, 05.09.2024…