ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу Св. Пантелејмон и Водно, возачите да не го користат
РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош добиле информација во која се наведува дека патот меѓу црквата Свети Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и апелираат тој да не се користи поради голомразица.
„Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. Истите известуваат дека надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот. Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по него со возило е на ризик на возачот на возилото“, пишува во соопштението на ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…
Вкупно 20 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…
Вкупно 22 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…
До 13 часот денеска на територијата на…