(Видео) Арсовска: Власта бега од обврската да им помага на граѓаните – Општините се оставени без средства кои законски им следуваат

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма, објасни дека ЗЕЛС бара од Владата да ги подмири трошоците кои според закон е должна да им ги даде на општините.

“Многу е тешко е да покажете чекори на добра волја кога немате комуникација, кога некој кој не наоѓа време да им помогне на граѓаните не на општините.

Локалната самоуправа до овој момент сама го носи товарот на се што се случува во оваа економска криза, ние не сме оние кои ја предизвикале, можеби не е ни Владата ама мерките кои се носеле на централно ниво се.

Локалната самоуправа до овој момент правела се што може и сега прави, грешно протолкувано е дека локалната самоуправа бара пари. Не бара пари, мора да се објасни што е она што граѓаните нема да го добијат доколку Владата не помогне.

Прво функционираат ЈП кои не снабдуваат со вода, пречистителни станици, осветлување, пожарни, културните институции, образовните институции, сите овие имаат потреба од дополнително финансирање кое е должност на централната власт.

Владата има обврска да ги подмирува своите обврски финансиски зад а моѓе сето тоа да функционира и таа тоа не го прави.

Дотациите кои се наменети за образованието оваа година се скратени, ете тоа се дискутира на ЗЕЛС.

Дека прво за да може да се најде решение реба да се седне на маса, ние континуирано бараме состанок за да се стават аргументите на маса, не за да бараме некој да ни помогне. За првите барања на ЗЕЛС за енергетската криза и ни беше ветено од Владата дека за 5 дена ќе добиеме одговор, се уште нема одговор. Тоа беше пред два месеци.

Бараме состанок да се сретнеме со целиот управен одбор на ЗЕЛС, таму има членови на сите политички партии и од сите провиниенции. Заклучоците ги носиме со консензус, сите се сложни дека треба да се најде заедничко решение. Не е ова политика, треба да им се помогне на граѓаните. ” – вели Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/TVTelma/videos/714533683288415

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…