(Видео) Ахмети го демантира Османи: Владата ја предложи Теута Арифи за амбасадор во Брисел

t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште на крајот од март се пофали дека Теута Арифи е предложена за амбасадор на Македонија во Европската Унија.

„Госпоѓа Арифи беше вицепремиер за европски прашања и добро ги познава процесите. Проценката е дека госпоѓа Арифи може да придонесе во оваа област“ – изјави Ахмети за албанските медиуми потврдувајќи дека Теута Арифи е предлог на владата за амбасадор во Брисел.

Османи денеска рече дека Арифи воопшто не била формално испратена во дипломатска мисија.

Никогаш немало размислување ниту предлог за Анкара, а камоли одбивање. Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде испратена во Вашингтон за да биде одбиена. Никогаш немало формализиран предлог за Теута Арифи за Брисел. Имало размислување, но никогаш формален предлог за да биде пратен во Брисел. Три дена се споменуваат име и места, дека се одбиени агремани, и покрај тоа што за едното пуштивме соопштение, за второто за Анкара не ни бев прашан“ рече Османи.

Медиумите веќе пишуваат дека Арифи била одбиена и од САД и од ЕУ за амбасадорска позиција а деновиве излезе непотврдена информација дека Арифи не добила зелено светло за амбасадорска позиција ниту од Анкара.

Одлуките за именување на амбасадори Владата ги носи на затворени седници па оттука нема начин да се проверат информациите кои ги соопшти Османи од независни извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…