Објавено на:

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од Европскиот куп: АЕК суспендиран од Европа, казна има и за Алкалоид

t

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот со реванш финалниот натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК во Скопје кој не се одигра.

Грчкиот состав незадоволен од бројката на дозволени навивачи од страна на Алкалоид не се појави на теренот, а неколку дена подоцна Европската ракометна федерација пехарот додели на македонскиот претставник со службен резултат 10-0 од тој натпревар. Ќе потсетиме, Алкалоид победи на првиот натпревар во Атина со 29-25.

Но, ЕХФ го казни и Алкалоид со 5.000 евра затоа што не успеал да обезбеди доволен контигент билети за гостински навивачи што е обврска според правилата на ЕХФ.

Сепак, многу посериозни санцкии доби грчкиот остав кој ќе мора да плати 20.000 евра затоа што не се појави на натпреварот. Исто така АЕК е суспендиран и од сите европски натпреварувања за наредните две сезони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен…

„Оне Македонија“ вчера ја доби лиценцата за…

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука…

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информира дека…

Мини „водна фонтана“ меѓу зградите предизвика поплава…

Денеска во строгиот Центар на Скопје, во…

Лазаров: Невозможно е да победиш бундеслигаш со…

Ракометарите на македонскиот суперлигаш Алкалоид не успеаја…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…