(Видео) Барселона го потврди трансферот: Траоре се враќа дома

t

Шпанскиот прволигаш Барселона и официјално го потврди најновиот трансфер во овој зимски преоден рок, ангажманот на 26-годишниот Адама Траоре.

Повремениот шпански репрезентативец не можеше да го одбие повикот на клубот од „Камп Ноу“, тим за кој настапуваше во младинските категории, во вториот тим, но не дочека вистинска шанса во првиот состав, па од 2015 година настапуваше во Англија за Астон Вила, Мидлзброу и Вулверхемптон.

Траоре до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч Барселона по што неговиот договор ќе може да биде откупен.

-Многу сум среќен што се вратив. Мина долго време, ова за мене е посебен момент. Овде бев многу години, пораснав во овој град, пораснав со моето семејство, пријателите. Сакам таа среќа да ја пренесам на теренот, -порача Адама кој официјално ќе биде претставен на 2 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!

Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…

Барселона ќе игра против Кјелце во финалето…

Барселона со сигурни 34-30 го победи Кил…

Дали некогаш сте сонувале да играте на…

Барселона се наоѓа во доста комплицирана финансиска…

Хаос во Барселона: Се судрија два воза,…

Едно лице загина, а 85 се повредени…

(Видео) Голем пожар во хотел во Барселона…

Најмалку девет лица, од кои едно е…