(Видео) Барселона го потврди трансферот: Траоре се враќа дома

t

Шпанскиот прволигаш Барселона и официјално го потврди најновиот трансфер во овој зимски преоден рок, ангажманот на 26-годишниот Адама Траоре.

Повремениот шпански репрезентативец не можеше да го одбие повикот на клубот од „Камп Ноу“, тим за кој настапуваше во младинските категории, во вториот тим, но не дочека вистинска шанса во првиот состав, па од 2015 година настапуваше во Англија за Астон Вила, Мидлзброу и Вулверхемптон.

Траоре до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч Барселона по што неговиот договор ќе може да биде откупен.

-Многу сум среќен што се вратив. Мина долго време, ова за мене е посебен момент. Овде бев многу години, пораснав во овој град, пораснав со моето семејство, пријателите. Сакам таа среќа да ја пренесам на теренот, -порача Адама кој официјално ќе биде претставен на 2 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шокантно: Маж тепа жени во метро…

Надзорните камери во Барселона снимија шокантен напад…

Во Барселона разбиена албанско-шпанска криминална група, запленети…

Граѓанската гарда уапси 15 лица во Барселона,…

Циципас и Алкараз ќе играат во финалето…

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, се пласираше во…

Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!

Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…

Барселона ќе игра против Кјелце во финалето…

Барселона со сигурни 34-30 го победи Кил…