Објавено на:

(Видео) Бајден: Бев во право, Путин е воен злосторник – Буча го докажува тоа!

t

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“.

„Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча… тој е воен злосторник“, рече Бајден.

Тој додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства.

„Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара“, рече Бајден.

На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бара повеќе санкции за Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Џонсон повторно во Украина: Ја посети…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон пристигна во…

Огромна благодарност од Буча до Кавадарци и…

Од украинската општина Буча се заблагодарија на…

По Југославија и Косово, ќе се формира…

Балтичките земји побараа денеска, на вториот ден…

Кавадарци се збратими со Буча! Јанчев подготвува…

Кавадарци се збратими со Буча, еден од…

(Видео) Прваче или претседател: Бајден се потруди…

Американскиот претседател, Џо Бајден се врати во…