(Видео) Бајден потврди, лидерот на ИСИС е убиен

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека лидерот на Исламската држава е убиен во Сирија.

Абу Ибрахим ал-Хашими ал Кураши наводно бил убиен. Лидерот на Исламската држава беше меѓу 13-те лица кои беа убиени за време на двочасовна вооружена борба во куќа која ја држат бунтовниците во сириската провинција Идлиб, објави „Скај њуз“.

Се додава дека американската армија не претрпела загуби, а се огласил и Бајден.

– Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го отстранивме лидерот на ИСИС, Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши од бојното поле. Сите војници кои учествуваа во акцијата безбедно се вратија во базата – изјави Бајден.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека американските сили за специјални операции денеска успешно ја изведоа антитерористичката акција на северозападот на Сирија.

Според Пентагон, во нападот немало американски жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот филм на Том Круз со катастрофален…

Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…