(Видео) Вардар го доби дербито на Скопје и тоа со гол директно од – корнер!
Вардар славеше во градското дерби против Работнички со 1-0 во 22. коло од Првата лига и ја запиша 33. победа во меѓусебните средби против екипата од Дебар Маало.
Работнички погоди статива и имаше неколку добри шанси, но Гачевски беше на висина на задачата, по што првиот гол беше постигнат дури во 56. минута кога Дарко Глишиќ од корнер ја затресе мрежата на Игор Алексовски.
„Романтичарите“ повторно се заканија во 57. минута, но Гачевски успешно го одбрани голот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, по што резултатот не се менуваше до крајот на средбата.
„Црвено-црните“ имаат 24 бодови на 10. позиција во првенството, односно еден помалку од Воска Спорт, додека Работнички е на седмата позиција со 27 бода.
– Голот од корнер можете да го погледнете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…